Барселона против Магдебург ја почнува одбраната на титулата во ЛШ

Денеска почнува завршниот турнир во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што Барселона ќе ја брани титулата освоена минатата сезона во елитното натпреварување на ЕХФ.

Барселона ќе биде фаворит во пресметката против Магдебург, иако голманот Емил Нилсен посочи дека не постои такво нешто кога станува збор за Ф4-турнирот во ЛШ.

Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе имаат сериозен предизвик во ЛШ затоа што ќе ја делат правдата од 18 часот меѓу двете екипи во полуфиналето од натпреварувањето.

Претходно на теренот, во првото полуфинале, ќе се соочат Фуксе Берлин и Нант, а германскиот тим влегува во овој дуел со поголеми шанси да се избори за финале.

Фото: Facebook/FC Barcelona Handbol