Барселона и вторпат го спушти ПСЖ на колена!

Екипата на Барселона продолжува со своите одлични настапи во Лигата на шампионите, откако денеска во својата група славеше на гостински терен против еден од ривалите за титула ПСЖ со 32-35.

Иако поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, со кого „црвено - црните“ дојдоа до прата европска титула, се надеваше дека ќе им се реваншира на каталонците за поразот во Шпанија од пред два месеци, сепак не успеа во тоа и воедно го запиша вториот пораз.

Пресуден беше финишт на мечот, кога ПСЖ имаше водство од 31-30, но Барселона го заврши натпреварот со серија од 1-5 и запиша голема победа со која останува лидер на табелата.

Нaјефикасни во победничкиот состав беа Арон Палмарсон и Лука Циндриќ со по шест погодоци, пет постигна Дика Мем, додека на спротивната страна Сагосен со осум и Хансен и Карабатиќ со по шест гола.