Австрија ја надигра Украина за четврти триумф во квалификациите

Ракометарите на Австрија ја запишаа четвртата победа во квалификациите за Европското првенство (ЕП), откако вечерва беа подобри со 31-28 од Украина.

Украина одигра одлично прво полувреме кое го доби со 14-11, по што следеше голем пад во играта, а тоа го искористи Австрија која со неверојатен пресврт стигна до 31-28.

Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Билик со шест погодоци, додека Ихор Турченко постигна осум гола за Украина.

Австрија е прва во групата со осум бодови, по што следи Романија со четири, додека по два имаат Украина и Фарски Острови.