Алушовски: Вардар е европски шампион, ама не е фаворит со Монпелје!

Вардар ќе ја затвори групната фаза од ракометната Лига на шампионите в сабота, со натпреварот против Монпелје, в сабота (17.30). Иако главната цел е остварена, натпреварот носи добивка, пласман на петтото место во групата и полесен противник во осминафиналето. Меѓутоа, расположението во Вардар не е оптимистичко.

Јасни се проблемите кои веќе неколку месеци го гушат најтрофејниот македонски клуб, а на тоа сега се надоврзале и двајца болни ракометари. Глеб Калараш и Сергеј Горбок, па Вардар, практично, не можел да спроведе еден комплетен тренинг оваа недела. Оттука, јасно е зошто му се предава фаворитската улога на Монпелје.

„В сабота нè очекува еден тежолк натпревар. Нашата примарна цел и пласманот во топ-16 ги остваривме на натпреварот со Мотор. Знаете дека имаме краток ростер, потоа имавме проблеми со двајца играчи кои беа болни, Калараш и Горбок и фактички не можевме да направиме комплетен тренинг. Но тоа нема да биде изговор или алиби, ќе го дадеме нашиот максимум. Гледавме анализираме, она што можеме да го кажеме е дека ќе се бориме за секоја топка. Ние сме европски шампоини, домаќини сме, но ситуацијата во која се наоѓа клубот не ни дозволува да речам дека сме фаворити“., вели тренерот Стевче Алушовски.

Капитенот Стојанче Стоилов не кажа премногу, само се согласи дека победа на Вардар би била изненадување.

„Ситуацијата е таква каква што е . Играме дома со Монпелје кој е апсолутен фаворит на натпреварот. Наше е дадеме се од себе и да пробаме да ги изненадиме“, рече Стоилов.

Вардар победи против Монпелје на првиот натпревар од сезоната, как огостин, со 33-31, но оттогаш многу работи не се исти.

„Без разлика на тој меч прв во Франција, кој Вардар го доби, оттогаш од Вардар си заминаа пет играчи, имаме пократок ростер.Пак ќе речам, нема да одиме со бело знаме, ќе се бориме, но ситуацијата во која сме и здрасввени те проблеми не ми дава за право да речам дека сме фаворити“, дополни Алушовски.

Вардар влегува во ова 14. коло со 11 бода, од шестата позиција, само еден повеќе има Порто. Сепак, дури и да победат црвено-црните, ако Порто освои бод во Брест, петтото место повторно нема да биде достижно. Тоа ќе значи дека во осминафиналето Вардар ќе се соочи со третиопласираниот од групата А, најверојатно Пик Сегед.