Алиловиќ испиша историја во ракометната ЛШ - на никој не му успеало тоа!

Хрватскиот ракометен голман, Мирко Алиловиќ испиша историја во Лигата на шампионите откако стана играч со најмногу одиграни сезони во елитното натпреварување.

Веста за рекордот кој го постави Хрватот ја објави неговиот клуб, Висла Плоцк кој синоќа забележа гостинска победа кај ПИК Сегед.

Легендарниот голман влезе во својата 23. сезона во Лигата на шампионите. Информациите велат дека никој досега не одиграл толку во историјата на ова натпреварување.

Претходно тој беше израмнет со Никола Карабатиќ со по 22 одиграни сезони.