
ЖРК Чаир се засили со една од најдобрите ракометарки во Турција!
Станува збор за една од најдобрите ракометарки во Турција во моментов, од која се очекува да биде лидер на чаирчанки во следниот период. Озкан е леворак бомбардер, која игра на две позиции и тоа на десен бек и на десно крило. Таа во Чаир доаѓа од екипата на Јенимахале Беледеси, а беше дел од репрезентацијата на Турција на неодамнешните два пријателски дуели против Македонија во Србија, кои завршија со минимални победи на противничките на жолто-црвените (25-24, 31-30).
ЖРК Чаир сезоната ја заврши зад шампионот Ѓорче Петров и зад Куманово, што значи дека обезбеди пласман во европските натпреварувања и за следната сезона.