Вардар за Гурбиндо бара 100.000 евра, Романците даваат - многу помалку!

Шпанскиот репрезентативец, Едуардо Гурбиндо, по само еден месец во Скопје речиси сигурно ќе го напушти Вардар, откако побара трансфер во Динамо Букурешт, кој засега „виси“ во воздух со оглед што двата тима се далеку во однос на отштетата која за него се бара, односно сака да се плати.

Според спортската телевизија „Арена спорт“, црвено-црните немаа против да го ослободат Шпанецот, но за неговата слобода побарале 100.000 евра, што е далеку повеќе од тоа што Романците се подготвени да платат. Тие најмногу понудиле 30.000 евра, што е повеќе од трипати помалку од бараната сума.

Ова наведува дека двата клуба ќе мора да ги продолжат преговорите за да се приближат со сумата која се подготвени да ја бараат односно платат.