Mилан го испланирал јануари: Аморим има две желби, газдата обезбедил пари

Во Милан не сакаат да си дозволат уште една сезона без учество во Лигата на шампионите, па во согласност со таквите амбиции ќе го реализираат и претстојниот јануарски преоден рок, барем според сегашните најави.

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ утрово се занимава со оваа тема и открива дека сопственикот на Милан во последните недели инјектирал 50 милиони евра капитал, со најава за дополнителни вложувања, чии детали допрва треба да бидат прецизирани. Се истакнува и дека оваа капитална инјекција претставува прва инвестиција на сопственикот која е директно насочена кон спортските активности.

„Вистинскиот тест ќе бидат активностите на трансфер-пазарот“, додава „Газета“, потсетувајќи дека Милан во текот на летото потрошил околу 160 милиони евра за ангажирање засилувања (Гонзало Рамош 74 милиони, Диего Мореира 50 милиони, Марио Гила 30 милиони, Андреј Костиќ 3,5 милиони евра...)

Веќе е познато дека се заинтересирани за Ендрик од Реал Мадрид, кој би требало да пристигне на позајмица, но тоа нема да оди така лесно, бидејќи списокот на заинтересирани клубови постојано се зголемува.

Втората важна цел е Гонзало Инасио, 25-годишниот дефанзивец на лисабонски Спортинг, чија вредност на „Трансфермаркт“ се проценува на 35 милиони евра. Милан, наводно, и во текот на летото понудил повеќе од 40 милиони евра за него, но тоа не било доволно. Во јануари ќе следува нов обид, а дотогаш ќе се појават и други имиња кои ќе се поврзуваат со Милан.

Покрај решителноста на раководството на клубот да ја унапреди конкурентноста на Милан, во голема мера се работи и на плановите за изградба на нов стадион. „Газета“ пишува дека целта е главните градежни работи да започнат во летото 2027 година, а новата арена свечено да биде отворена во 2031 година.