Кунде вчера даде гол, но и испиша историја во дресот на Барселона
Францускиот дефанзивец во овој дуел се запиша во листата на стрелци кога во второто полувреме го постави конечниот резултат.
Но, покрај погодокот, со овој дуел, Кунде стана францускиот фудбалер со најмногу настапи во историјата на Барселона. Кунде одигра вкупно 194 за каталонскиот гигант и зад себе го остави Абидал кој има еден помалку.
На листата од пет Французи со најмногу натпревари за Барселона се уште, Дембеле со 185, Ленгле со 160 и Умтити со 134.
Нема дилеми дека Кунде во продолжение од сезоната и ќе го зацврсти своето место на врвот.