Вардар лесно се справи со Струга за пласман на Ф4

Бранителот на пехарот во македонскиот куп, екипата на Вардар, продолжи во завршицата и во годинешново издание, совладувајќи ја Струга во четвртфиналето.

Иако играше со комбиниран тим, без многу од ѕвездите кои играат и во Лигата на шампионите, Вардар успеа да се справи со Струга и да ја совлада со 29-24, на нејзин терен. Предноста вардарци ја создадоа уште во првиот дел, кој заврши со 19-11 во нивна корист.

Од првиот состав во Струга беа само Милосављев, Поповски, Кисељев, Војводиќ, Калараш и Шишкарев, а најефикасен мегу нив беше Мартин Поповски со осим гола. Струга ја предводеше Дикаминџија со 10 гола, а треба да се напомене дека и домашниот тим беше ослабен поради настапот на кадетската селекција на Македонија, на пријателскиот турнир во Бугојно.

Со оваа победа, Вардар им се приклучи на Металург, Еуроарм работник и на Бутел во Ф4-турнирот во Купот, кој ќе се одигра на 11 и 12 мај.