Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот

„Вечно“ дерби во ракометниот Куп на Македонија можно е да има само во финалето бидејќи екипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналната фаза.

Вардар ќе има нешто потешка задача бидејќи за прв противник го доби тимот на Алкалоид, додека Пелистер ќе се сретне со Тиквеш. „Црвено-црните“ го бранат трофејот во ова натпреварување кое го освојуваа 16 пати во историјата, претходните три години и во осум од последните девет сезони. Од останатите екипи, Пелистер го чека пехарот од 2005 година, додека Алкалоид и Тиквеш се уште немаат триумф во Купот на Македонија.

Во женска конкуренција, шампионот Ѓорче Петров ќе се сретне со Куманово, додека втората двојка ја сочинуваат Вардар и Чаир.

Завршнот турнир од Купот на Македоднија ќе се игра од 17 до 19 мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.