Вардар го прегази Прилеп, лесна победа за Пелистер во Неготино

Македонските ракометни гиганти Вардар и Пелистер остварија триумфи во четвртото коло од Суперлигата. „Црвено-црните“ беа подобри на гостувањето кај Прилеп со убедливи 35-22, додека Пелистер славеше против Вардар Неготино со 32-17.

Вардар доминираше на теренот од самиот почеток на натпреварот, а на полувреме замина со водство од 18-11, по што во вториот дел продолжи да расте предноста на скопскиот тим за триумф од 35-22.

Најдобар стрелец кај Вардар беше Матија Николиќ со 10 голови, додека Томислав Јагуриновски постигна седум погодоци.

Актуелниот шампион Пелистер се „прошета“ низ Неготино и победата ја најави уште во првото полувреме, кое го доби со 13-8, додека во второто битолчани се разиграа во нападот и го наполнија противничкиот гол (32-17).

Најефикасн кај битолчани беше Петар Атанасијевиќ со осум голови, додека Лазар Адамовиќ погоди пет пати за Вардар Неготино.