Вардар го „нокаутира“ Охрид во Купот, Талески постигна 11 гола

Ракометарите на Вардар триумфираа против Охрид со 38-30 во полуфиналето на четвртфиналната група и така ја продолжија борбата за одбрана на трофејот во македонскиот Куп.

„Црвено-црните“ се мачеа на почетокот на првото полувреме и имаа негатива од два гола (5-7), но потоа со серија од неколку погодоци Вардар го сврте мечот во своја корист (9-8).

Вардар на полувреме замина со водство од 20-18, но Охрид и во вториот дел ја одржуваше негативата зад „црвено-црните“ (22-23), меѓутоа во завршницата Вардар притисна и стигна до 38-30.

Филип Талески со 11 голови беше најефикасен во редовите на Вардар, додека Дејан Манасков постигна седум гола.