Вардар го надигра Бисинов за прва победа во Суперлигата

Поранешниот македонски и европски шампион Вардар славеше против Бисинов со 31-24 во второто коло на ракометната Суперлига.

Бисинов имаше солиден почеток на мечот и по девет минути игра беше нерешено (5-5). Вардар конечно се одлепи по 20 минути игра и поведе со 13-9, но гостинскиот тим до полувреме намали на 14-16.

Вардар постојано имаше водство, но Бисинов не му дозволи на фаворитот да избега сè до 44. минута кога домаќинот влезе во ритам и на крајот триумфира со 31-24.

Стефан Петриќ од Вардар постигна седум голови и беше најефикасен на теренот, додека Тоше Ончев кај Бисинов запиша шест погодоци.