Вардар го комплетира тимот, потпиша и со талентираниот Бојан Поповски
Кариерата Поповсски ја почна во тимот на Преспа за потоа да се пресели во Алкалоид каде што беше дел од младинските и кадетските селекции. Во актуелната сеезона го носи дресот на Мулти Есенс каде што беше дел од првата екипа.
Исто така тој е кадетски и младински репрезентативец, а посебно добар настап имаше во квалификациите за кадетското Европско првенство каде што беше најдобар стрелец.