Уште двајца заразени во Е. Пелистер 2, но тимот можеби ќе тренира

Откако вчера соопштија дека имаат двајца ракометари заразени со коронавирусот, од Еурофарм Пелистер денеска соопштија за уште двајца инфицирани.

По дијагностицирањето на првите двајца ракометари, тестиран бил целиот тим и епилогот од тоа бил дека уште двајца нови, што значи вкупно четворица ракометари се позитивни ни глобалниот вирус. 

Од клубот информираат дека сите четворица играчи се чувствуваат добро, немаат симптоми и се изолирани. Со оглед дека бројот на заразени играчи во тимот не е голем, раководството планираи да се врати на тренинзи. Сепак, за тоа ќе ги почекаат тестовите и на луѓето околу играчите, односно стручниот кадар, медицинскиот тим и административниот кадар. Ако сите тестови се негативни од клубот планираат да се вратат во тренажен процес.

Еурофарм Пелистер 2 и Пролет се единствените клубови кои пријавија нови заразени, во последнава недела, иако претходно имаше преку 50 заразени од повеќе суперлигашки клубови. Најсилната ракометна лига требаше да продолжи на 21 октомври, но тешко е дека тоа ќе се случи.