Триумф на Бутел на гости кај Голден Арт

Ракометарите на Бутел вечерва беа подобри со 28-24 од Голден Арт и се зацврсти на третото место во групата Б од Суперлигата.

Бутел поведе со 4-1 на почетокот на натпреварот, но Голден Арт го засили темпото и стигна до израмнување (9-9). Сепак, во финишот гостите беа подобри и заминаа на паузата со 12-10.

Во второто полувреме Бутел постојано водеше и на 10 минути пред крајот имаше предност од седум голови (24-17), по што Голден Арт до крајот успеа само да ја намали негативата.

Филип Николов беше најефикасен кај Бутел со девет голови, додека Христијан Милошески постигна седум за поразениот тим.