Генијалноста на мароканскиот голман - одбрани пенал без да се фрли (ВИДЕО)
Два гола беа постигнати во регуларниот период. Иако Мароко беше подобрата екипа, Холандија поведе на средината од второто полувреме преку Коди Гакпо, а израмнувачкиот гол дојде во 91. минута кога Иса Диоп постигна гол и го испрати натпреварот во продолжение. Одлуката околу победникот беше донесена по изведувањето на пенали, каде што мароканскиот голман Јасин Буну одигра клучна улога.
Холанѓаните имаа водство по првата серија, но Мароко брзо се врати. Вегорст и Талби беа сигурни во третата серија, а потоа Тимбер го промаши целиот гол. Хакими имаше шанса да му донесе водство на Мароко, но ја погоди стативата.
Клуминацијата на драмата се случи во петтата серија. Самервил се движеше кон топката, а Буну почна да „танцува“ на гол-линијата. Мароканскиот голман го прочита ударот и го одбрани пеналот без да се фрли по топката, предизвикувајќи делириум на стадионот.
После тоа, Мароко ја заврши работата и избори пласман во следната рунда, а Буну го потврди својот статус на еден од најдобрите голмани во светот кога станува збор за бранење пенали.