Хаос на улиците на Холандија: Славјето на Мароканците прерасна во војна со полицијата (ВИДЕО)
Веднаш по крајот на натпреварот, илјадници навивачи излегоа на улиците на Амстердам, Ротердам, Хаг и Утрехт. Централните градски подрачја беа преплавени со луѓе, автомобили со марокански знамиња, сирени и пиротехника, што доведе до целосен сообраќаен хаос. Најкритична беше ситуацијата во Хаг, каде прославата ескалирала во сериозни инциденти. Според локалните медиуми, групи маскирани лица фрлале петарди и друга пиротехника, по што полицијата интервенирала со солзавец, водени топови и службени кучиња за да ја растера агресивната толпа.
За време на интервенцијата, дел од демонстрантите ги нападнале полицајците со камења, стаклени шишиња и други тврди предмети, поради што биле испратени дополнителни полициски сили и оклопни возила. Нереди биле регистрирани и во Утрехт, каде поединци со автомобили украсени со марокански знамиња возеле по тротоари и пешачки патеки, загрозувајќи ги минувачите. Во исто време, биле оштетени и повеќе јавни објекти и заштитни бариери.