Момче ја запроси девојката на мечот на Ѓоковиќ, Новак им порача: Сакам покана за свадба (ВИДЕО)

Интересен момент се случи за време на синоќешниот натпревар на Новак Ѓоковиќ против Ву, во првото коло од Вимблдон.

Зад една од трибините, момче ја побара својата девојка за сопруга и таа, на задоволство на присутните, ја прифати „понудата“. Гледачите со аплауз го поздравија романтичниот момент, а Ѓоковиќ во свој стил ја проследи ситуацијата.

„Сакам покана за свадба“, им порача тој на младите, а и тие со гестикулација му потврдија дека ќе ја добие.

По повеќе од три часа борба, Ѓоковиќ успеа да го победи својот прв ривал на Вимблдон и да дојде до 103. победа во кариерата на овој турнир.