Нагелсман им оди на по нерви на Германците - не сака да поднесе оставка
Нагелсман нагласи дека „панцерите“ повеќе не припаѓаат на самиот врв на светскиот фудбал. Парагвај победи по изведувањето на пенали, каде што Каи Хаверц, Ник Волтемаде и Џонатан Та беа непрецизни, што предизвика четирикратниот светски шампион повторно предвреме да го заврши учеството на Светското првенство.
По елиминациите во групната фаза во 2018 и 2022 година, германската репрезентација одигра натпревар во нокаут фазата на Светското првенство за првпат по 12 години, но овој пат не успеа да направи пробив.
„Ако сте елиминирани на првата пречка, тоа не е доволно за германскиот фудбал. Ова е трета последователна елиминација и повеќе не сме во првата класа на светски тимови. Многу сум разочаран“, рече Нагелсман на прес-конференција.
Нагелсман е на чело на Германија од 2023 година, а неговиот договор со Германската фудбалска асоцијација важи до крајот на Европското првенство во 2028 година. Селекторот одговори и на прашања за неговата иднина, нагласувајќи дека нема намера да поднесе оставка.
„Доколку Германската фудбалска асоцијација сака да останам, ќе продолжам да работам. Знам дека многу луѓе сакаат да си заминам, но би сакал да продолжам ако Федерацијата сака. Ќе ги презентирам моите аргументи пред челниците на Федерацијата“, додаде селекторот.
Во моментов нема многу причини за задоволство.
„Доколку денес се спроведе анкета во Германија, сигурно е дека луѓето нема да зборуваат позитивно за мене. Не направивме многу на овој турнир. Не сум човек што бега од одговорност“, заврши поранешниот тренер на Баерн.