Интер расчистува со ветераните: Четири големи имиња заминаа од „Џузепе Меаца“

Управата на Интер официјално ја започна реконструкцијата на тимот, откако преку клупско соопштение потврди дека четворица искусни фудбалери го напуштаат миланскиот гигант.

На листата на заминувања се голманот Јан Зомер, како и дефанзивците Франческо Ачерби, Матео Дармијан и Стефан де Фрај, кои беа важен дел од успесите на „нероаѕурите“ во изминатите години. Зомер пристигна во Интер во 2023 година од Баерн Минхен и за две сезони запиша 100 настапи во Серија А, оставајќи значаен белег во освојувањето на шампионската титула.

Најискусен меѓу нив е 38-годишниот Ачерби, кој го носеше дресот на Интер од 2022 година. Според италијанските медиуми, негова можна следна дестинација е Ал Хилал, каде тренерот Симоне Инзаги повторно сака да соработува со искусниот стопер.

Де Фрај, пак, одби да го продолжи договорот со Интер и како слободен агент ќе ја продолжи кариерата во Панатинаикос. Од клубот си заминува и Дармијан, кој по 150 настапи во Серија А во дресот на Интер става крај на успешната етапа во Милано. Во тој период освои три шампионски титули и три трофеи во Купот на Италија, а неговиот нов клуб засега не е познат.