Тиквеш е тим за плејоф: Важна победа против Охрид

Ракометарите на Тиквеш славеа со 25-23 против Охрид во рамки на првиот натпревар од 12.коло во Суперлигата. 

Домашниот тим водеше постојано на натпреварот, но ниту еднаш немаше повеќе од четири голови разлика. На полувремето беше 13-10, но иако охриѓани во финишот намалија на само -1, Тиквеш не дозволи пресврт и ја запиша седмата сезонска победа со 25-23.

Страхиња Симиќ со седум голови најмногу се истакна во таборот на Тиквеш, додека кај Охрид, Мице Шилегов реализираше осум пати. 

Со овие три бода кавадарчани сега имаат 21 и се наоѓаат на 5.место на табелата, пет повеќе од денешниот ривал, кој сега е многу подалеку од плејоф-зоната.