
Тежок удар за тренерот Ројевиќ: Охрид остана без еден од најважните ракометари
Јотиќ се повреди во натпреварот против Тиквеш и тоа во последните моменти од средбата кога незгодно се приземји, а првичните информации покажале дека не се работи за наивна повреда.
Охрид не откри колку точно ќе паузира Јотиќ, меѓутоа истакна дека се очекува подолг период да биде надвор од терените.
„На натпреварот со Тиквеш со повреда се здоби играчот на ГРК Охрид Ловро Јотиќ. Во тек се медицински прегледи и според првичните наоди тој ќе биде надвор од терените подолг период. На Ловро Јотиќ му посакуваме брзо опоравување и добро здравје“; објави Охрид.
Викендов Охрид го чека тежок предизвик со тимот на Пелистер, додека само неколку дена подоцна доаѓа и првиот натпревар од двомечот со Баку во рамките од ЕХФ Купот.
Фото: ГРК Охрид