Стоилов и Бутел се засилија со доскорешен ракометар на Вардар!
Дваесет и едногодишниот десен бек пристигнува од редовите на актуелниот шампион Вардар, каде што мина две сезони. Пред трансферот во „црвено-црниот“ табор беше еден од најдобрите стрелци во дресот на Голден Арт. Стаменковиќ зад себе има настапи и за кадетската и младинската репрезентација на Македонија, а во Бутел доаѓа со богато искуство за своите години и со освоени шампионска титула и Куп на Македонија со Вардар.
Во новата средина повторно ќе соработува со Стојанче Стоилов, кој од ова лето е тренер на Бутел Скопје, а со кого веќе успешно работеше во редовите на Вардар. Од клубот веруваат дека Стаменковиќ ќе биде едно од клучните засилувања во амбициите за претстојната сезона.