
Се откажуваат сите спортски настани во Македонија!
Фудбалската федерација на Македонија веќе ги одложи сите натпревари во сите конкуренции, а истото го направи и Ракометната и Кошаркарската федерација.
„Ракометната федерација на Македонија по големата трагедија во Кочани ги оддложува сите денешни натпревари во сите категории. Во овие тешки моменти нашите мисли и молитви се со семејствата и настраданите во трагедијата. Упатуваме искрено сочувство!“, објави РФМ.
„Длабоко сме потресени од теагичната несреќа во Кочани во која во животите ги загубија десетици млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. изразуваме најискрено сочувство и поддршка.
Поради големата трагедија во Кочани, сите натпревари од сениорските и младинските лиги, закажани за денеска, 16.03.2025 година, се одложуваат“, соопшти КФМ.
Освен тоа, ракометната репрезентација на Македонија ја очекува квалификациски натпревар против Словенија во Копер за кој се уште не се знае дали, евентуално, би бил одложен.