
РК Бутел се засили со нов среден бек
Нов член на Бутел е 21-годишниот Леонид Киселовски кој пристигнува од тимот на Скопје каде што настапуваше во изминатите четири сезони. Кариерата ја започна во Аеродром, а во младинските категории беше дел од Пролет и Вардар.
Ме привлече ростерот со млади перспективни играчи и систем на работа кој се залага за нивен напредок. Амбициозен клуб кој има високи цели како излев во Европа и осигурување на едно од првите пет места
Претходно Бутел Скопје ги засили своите редови со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодоски, Хусеин Валид Кадах и Тодор Узунчев и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев