Ристовски: На Скопје и Гевгелија ќе им биде одземена лиценцата за дејност спорт

Само неколку часа по скандалозниот натпревар од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, меѓу Скопје и Гевгелија, со реакција се јави министерот за спорт Борко Ристовски.

Во гостување на телевизијата Сител, тој посочи дека веќе в понеделник на двата клуба ќе им биде одземена лиценцата.

 

 

„Ги погледнав снимките и веќе в понеделник на клубовите ќе им биде одземена лиценцата за дејност спорт и не ќе можат да се натпреваруваат во домашниот шампионат. Ваков тим на немили настани и грубо кршење на спортските правила, треба еднаш да ги ставиме под контрола“, рече Ристовски.

Скопје и Гевгелија денеска си постигнуваа голови на меѓусебниот натпревар од Купот на Македонија, а причините за тоа уште не се познати.