Ракомет нема да се игра, комплетен „стоп“ за средбите и во група Б

Ракометната федерација на Македонија официјално го суспендираше натпреварувањето и во групата Б од Суперлигата, што значи во моментов целото машко првенство е „замрзнато“.

Откако се појавија случаи на Ковид-19 и во екипи од групата Б, во прв ред Работнички, петтото коло, кое беше закажано за денеска нема да се одигра. Тоа ќе биде почеток на новиот мораториум во Суперлигата, овој пат во групата Б, исто така во траење од 15 дена. Претходно истата мерка беше преземна и за екипите од групата А.

РФМ ги известила клубовите дека по завршувањето на периодот од 15 дена, ќе изврши тестирање и во двете групи за да се знае дали се уште има заразени и дали првенството може да продолжи.

Групата А во која позитивни случаи пријавија четири клуба КЛ7 (16), Охрид (6) Струга (7), Радовиш (2) е во мирување од минатата недела и таму поскоро ќе завршат 15-те дена изолација и ќе биде ставена на тест состојбата на клубовите.