Прекинат мечот меѓу Металург и Е. Пелистер поради - лизгав под!

Металург и Еурофарм Пелистер не го доиграа нивниот натпревар, кој беше прекинат по само осум минути поминати на теренот поради лизгав под.

Екипите требаше да играат 3х20 минути, но при резултат 4-2 за Металург беше донесена одлука да се прекине дуелот поради ризик од повреда.

Тимовите ќе ја продолжат битката на турнирот во Струга, кој е закажан за период од 12 до 16 август.