По фудбалот, застана и ракометот: РФМ ги суспендираше сите лиги поради новиот протокол

Ракометната федерација на Македонија ги извести сите клубови во машката Суперлига и Првата лига, како и во женските лиги дека натпреварите се суспендирани. Причината е новиот протокол за заштита од Ковид-19 во спортот, што го донесе Владата. 

Според новите мерки на властите и нивните препораки, клубовите мораат да прават задолжителен ПЦР-тест на сите членови на клубот 72 часа пред почетокот на секој натпревар. Трошокот за тестови паѓа на самите клубови. Со оглед на финансиската состојба на клубовите во Македонија во сите спортови, па така и во ракометот, јасно е дека продолжувањето на шампионатот е речиси невозможен.

Денеска и Фудбалската федерација на Македонија одлучи да ги прекине натпреварите во сите лиги во државата, поради истите причини.