По Дисингер уште една беља: Вардар остана и без Горбок и Шишкарев?!

Откако го загубија германскиот бел Кристијан Дисингер за четвртфиналната пресметка со Пик Сегед на финалето од СЕХА-лигата во Брест, македонскиот ракометен шампион Вардар го снајде уште една беља зашто се повредија и двајца руски репрезентативци – Сергеј Горбок и Данил Шишкарев.

Двајцата вардарци заработиле повреди на мечот со Русија против Унгарија, кој „зборнаја“ го загубила со 19-25, а селекторот Едуард Кокшаров го признал на пресконференцијата.

„Во нашиот тим има многу повредени. Сергеј Горбок и Данил Шишкарев заработија повреди на дуелот со Унгарија. Не можам да кажам дали ќе сметаме на нивните услуги на следниот наптревар. Докторскиот штаб работи, па ќе ја процени нивната состојба“, рече Кокшаров.

Ова е голем проблем за Вардар на две недели во првиот од двата клучни мечеви со унгарскиот првак Сегед, а голем проблем е фактот дека на позицијата лев бек Вардар има сериозни проблеми.

После повредата на Дисингер, тука се Вуко Борозан и Горбок, но и двајцата се „проблематични“. Горбок со новата повреда, за која нема точна дијагноза за што станува збор, и Борозан, кој од поодамна закрепнуваше, па прашање е во каква форма е Вардар се соочува со сериозни проблеми.

Засега од Русија нема најави какви и колкави повреди имаат Горбок и Шишкарев.