Петар Атанасијевиќ го предводеше Пелистер 2 до триумф во Скопје

Ракометарите на Пелистер 2 по ремито со „поголемиот брат“ Еурофарм Пелистер минатото коло, денеска запишаа победа во рамки на четвртата рунда од Групата Б во Суперлигата. 

Битолчани славеа со 28-20 на гостувањето кај Голден Арт. Натпреварот беше решен уште по првото полувреме по кое гостите имаа 17-10. Вториот дел беше само рутина за избраниците на тренерот Александар Јовиќ.

Петар Атанасијевиќ со осум голови беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2, додека Дејан Кукуловски имаше пет. Кај скопјани најмногу се истакнаа Мице Шилегов и Славе Јанковски со по шест погодоци. Интересно е тоа што домашниот голман Златко Даскалоски имаше дури 22 интервенции, а постигна и еден гол.