Петар Атанасијевиќ доби унапредување во првиот тим на Пелистер

Едно од освежувањата во македонската репрезентација на Светското ракометно првенство, левото крило Петар Атанасијевиќ, доби унапредување веднаш по враќањето во клупските должности.

Наместо во вториот, сега ќе настапува во првиот тим на Пелистер, каде што од почетокот на сезонава беше прекомандуван неговиот брат близнак Павле. Ларс Валтер ги видел неговиот настапи во Полска и побарал 19-годишникот да биде доведен во првиот тим, иако таму веќе има три леви крила.

Дали некој од Гоце Ојлески, Бојан Маџовски и Цветан Кузманоски ќе ја смени средината или, пак, ќе продолжи во вториот тим на Пелистер, се уште се немаат изјаснето од Битола.

Петар Атанасијевиќ потекнува од школата на Стевче Алушовски, а беше прогласен за МВП на ЕХФ-шампионатот за играчи до 18 години кој се одржа во Македонија во 2021. Во првава полусезона беше најефикасниот ракометар на Пелистер 2, со 63 гола или 5,25 по натпревар.