
Пелистер се збогува со седум ракометари – во ЛШ ќе игра со сосема нов тим!
Во таа насока, зелено-белите синоќа и официјално се збогуваа со дури седум ракометари од годинешниот шампионски состав, кои сигурно нема да ја продолжат соработката со овој тим. Пригодни подароци за заминување добија Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски, на кои им беше заблагодарено за се што сторија на патот кон титулата.
Во меѓувреме, управата на клубот ги обнови договорите со речиси сите македонски репрезентативци кои им се на располагање, а најави „бркање“ на квалитетни ракометари со кои настапот во ЛШ не би бил само епизоден туку квалитетна промоција на битолскиот, но и на македонскиот ракомет во целост.