Пелистер се избори за место на Ф4-турнирот во Купот

Ракометарите на Пелистер беа подобри од Тиквеш со 36-30 и така се пласираа на Ф4-турнирот во Купот на Македонија.

Македонскиот вицепрвак ја имаше контролата врз мечот, иако ракометарите на Тиквеш не се предаваа и на полувреме заминаа со негатива од три гола (17-20).

Пелистер направи исчекор кон победата на стартот кога стигна до предност од седум гола, кои му беа доволни за мирна завршница на натпреварот.

Најдобар во победничкиот тим беше Ојлески со осум голови, додека Кисум и Хосни постигнаа по пет. На спротивната страна најефикасен беше Симиќ со шест погодоци.