Пелистер потпиша договор со талентираниот Самоил Ристевски.

Кадетскиот и младински репрезентативец на Македонија, Самоил Ристевски ќе продолжи да го носи дресот на Пелистер откако потпиша договор до 2028 година.

Битолскиот клуб преку социјалните мрежи информираше дека 18-годишникот ставил потпис на нова соработка.

„По само неколку натпревари во тимот на Еурофарм Пелистер, кадетскиот и младински репрезентативец Самоил Ристевски потврди дека местото му е во нашиот проект и во иднина. Затоа клубот го препозна неговиот талент, напредок и проекција и потпиша договор до 2028 година.

18-годишниот Ристовски е продукт на школата на клубот и на позицијата кружен напаѓач веќе дебитираше во националните репрезентации на Македонија и неговиот квалитет е препознат насекаде.

Потписот на Ристовски е само продолжување на проектот најдобрите македонски ракометари да играат во македонскиот шампион“, соопштија од редовите на Пелистер.