Нови детали: Манчестер Јунајтед му забранил влез на Фергусон во соблекувалната

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Манчестер Јунајтед донел одлука да го отпушти Сер Алекс Фергусон кој имаше амбасадорска функција во клубот.

Целта на ваквиот потег на раководството предводено од Џим Ретклиф е да се намалат трошоците и клубот да заштеди, но секако дека предизвикаа незадоволство кај фановите кои чекаа отказ за тренерот Ерик Тен Хаг.

Меѓутоа сега во јавноста се појавуваат и информации кои дополнително можат да ги налутат фанвоите.

Наводно, на најуспешниот менаџер во историјата на Манчестер Јунајтед му било забрането да влегува во соблекувалната веќе подолг период. На тој начин раководството сакало самиот Фергусон да биде свесен за нивната намера и да замине.

Одлуката му била соопштена кога тој самиот започнал разговор за неговата иднина, тврдат островските медиуми.