Срамно: Во одбрана за силување францускиот фудбалер го обвини алкохолот

Поранешниот фудбалер на Севиља Висам Бен Једер е на суд во Ница поради сексуален напад во алкохолизирана состојба, а обвинителството за него побара казна од две ипол години затвор.

Бен Једер беше уапсен на 6 септември во својот дом, а пред судот се бранел бранел дека бил во алкохолизирана состојба.

„Не се чувствувам на ништо не можам да кажам дали сум го направил тоа. Поради алкохолот сум тука. Искрено се извинувам на жртвата, нејзиното семејство и своето семејство“, изјави Бен Једер кој е најдобар стрелец на Монако на сите времиња.

Пресудата за фудбалерот ќе биде објавена на 12., ноември.

„Поради алкохолот не се сеќавам. Сфаќам дека беше најголема грешка во мојот живот“, изјави фудбалерто кој 19 пати го носеше дресот на Франција.

Одбраната на Бен Једер истакна и дека фудбалерот поминал двонеделен третман на детоксикација во Универзитетската болница во Низа.

„Јас сум осамена личност, тешко ми е да им верувам на луѓето. Излажан сум во многу ситуации. Излез пронајдов во алкохолот“, исто така зборувал напаѓачот.

Во овој момент тој има 34 години и нема намера да ја заврши кариерата и наводно добива понуди од европските клубови.