Пелистер ќе биде дел од (пре)силниот „Турнир на шампионите" во Добој!

Традиционално, генерална проба за некои од најсилните европски ракометни клубови и оваа година ќе биде ТВ Турнирот на шампионите во Добој.

Оваа година,  тој ќе се одржи од 28 август до 1 септември, а ќе учествува и македонскиот првак Пелистер кој се уште е во очекување на информацијата дали ќе добие специјална покана за настап во Лигата на шампионите. Покрај Пелистер, своето учество на турнирот го потврдија и Веспрем, Татабања, Бешикташ, Загреб, Војводина, домаќинот Слога и египетскиот Ал Ахли.

Составот на групите и распоредот на натпреварите ќе бидат дополнително објавени. Пелистер во минатото два пати го освојуваше турнирот во Добој, во 1996 и 1997 година, а од македонските клубови, два трофеја од него има и Вардар, во 2003 и 2009 година.