Охрид се раздели со Хрватот Бура

Oд редовите на Охрид информираа дека Хрватот, Луцијан Бура повеќе не е член на нивниот тим.

Како што објавија тој е слободен во изборот да си бара нова средина. Во минатото Бура настапуваше во Унгарија и во Словенија каде што го носеше дресот на Горица.

„Клубот ја информира јавноста дека од редовите на ГРК Охрид заминува десниот бек Луцијан Бура. Му се заблагодаруваме на досегашната соработка и му посакуваме успех во неговата ракометна кариера“, објави Охриид.

Хрватскиот ракометар во Охрид пристигна во мај оваа година.