Охрид го распарчи Прилеп, Пролет подобар од Струга
Охрид ја најави победата уште во првото полувреме, кое му припадна со 19-16, додека во вториот дел создаде недостижна предност и славеше со 38-28.
Најефикасен беше Тасески со 10 голови кај Охрид, додека Рајатовски постигна шест погодоци за Прилеп.
Пролет и Струга водеа жестока битка од самиот старт, но Пролет во завршницата од дуелот влезе во одличен ритам и славеше со 10 голови разлика (36-26).
Најдобар беше Ненад Костоски со осум гола кај Струга, додека Бакар и Стојановски постигнаа по шест за Пролет.