Официјално: Шпанец ќе го наследи Парондо на клупата на Вардар!

РК Вардар почна и со конкретни потези да ја подготвува следната сезона, го објави името на тренерот, кој ќе го наследи Роберто Гарсија Парондо на клупата, исто така Шпанец.

Станува збор за Давид Хосе Писонеро, 46-годишен поранешен репрезентативец на Шпанија, кој најмногу време како играч поминал во Ваљадолид, екипата која ја водел и како тренер во последните две сезони.

„Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себеси и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите, изјави Давид Хосе Писонеро.

Со овој потег раководството на црвено-црните сакаше да продолжи да го негува стилот на ракомет кој почна уште со доагањето на Раул Гонзалес во 2014 година, а продолжи со Роберто Парондо. Останува Писонеро да почне да ја составува екипата, во која ќе останат повеќе ракометари, како Дибиров, Шишкарев, Чупиќ, Скубе, Стоилов, Криштопанс...