
Одредени судиите за финалето: Митревски и Тодоровски ќе делат правда во Охрид
Правдата на теренот на „Билијанини Извори“ ќе ја делат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека делегати ќе бидат Драган Начевски и Ацо Николовски.
Борбата за трофејот помеѓу вечните ривали стартува во 17:30 часот. Во финалето Вардар ќе игра за својот 17-ти трофеј, додека Пелистер ќе се обиде да дојдат до шестиот, но последниот битолскиот состав го освои пред 20 години.