Нов џин во мак-ракометот: Струга се засили со „босанскиот Криштопанс“ (ВИДЕО)

Ракометниот супеrлигаш Струга во следната сезона во своите редови ќе има вистински џин, откако управата на клубот го ангажира босанскиот интернационалец, Дино Мехиќ, кој е висок 204 сантиметри.

Станува збор за 21-годишен ракометар, кој игра на позицијата десен бек и кој слободно може да го понесе епитетот „босански Криштопанс“, со оглед што играа на исто место во тимот и што двајцата со висината повеќе потсетуваат на кошаркари отколку на ракометари.

Тој доаѓа од таборот на Слобода Тузла.