Неверојатно: Малолетен ракометар на Борец истепан во Чаир од – вработен во салата!

Неверојатни обвинувања доаѓаат од прволигашот Борец од Велес, од каде што тврдат дека нивни ракометар бил физички нападнат за време на натпревар во Чаир и тоа од – вработен во салата „7 март“.

Според пишувањето на порталот „Батали.нет“, на мечот на велешани против Аеродром, Јован Атанасовски добил црвен картон и веднаш се упатил кон соблекувалната. Таму, според луѓето од клубот, човекот задолжен за одржување на спортскиот објект во оваа скопска населба почнал да го удира со тупаници во главата со обвинение дека пресилно ја притиснал рачката на вратата од соблекувалната.

Луѓето од прволигашот од Велес, кои детално го опишуваат скандалот и потенцираат дека станува збор за нивни малолетен играч, инцидентот го пријавиле во РФМ, како и во полиција. Мечот иначе завршил со триумф на Аеродром со 45-24.

Повеќе детали на инцидентот како и фотографија од нападнатиот ракометар може да погледнете на следниот линк.