
Металург го замени Поповиќ со Португалец
Рибеиро во минатата сезона играл за Хари Ап од Холандија, каде што запишал 13 настапи и постигнал 33 голови, а претходно го носел дресот на Мадеира и Сао Бернардо.
Португалскиот ракометар може да игра како лево крило, но и како среден бек, додека со Металург потпиша двегодишна соработка и стана нивно шесто засилување.
Екипата од Автокоманда претходно се засили со браќата бекови Њокас, пикерот Костадин Петров, голманот Димитар Бардаковски и средниот бек Бобан Каковски.