Кбилашвили: Го одбрав Металург бидејќи важи за расадник на млади играчи

Македонскиот ракометен клуб пред два дена го договори грузискиот репрезентативен централен бек Иракли Кбилашвили

Младиот Грузиец, кој во Металург дојде од украинскиот тим Одеса, имал бројни понуди, но се решил да потпише за тимот од Автокоманда бидејќи смета дека Металург е најдобро место за развој на млади ракометари.

Среќен сум што доаѓам во Металург и во земја во која ракометот е спорт број еден. Имав повеќе понуди за ангажман, но го одбрав Металург бидејќи важи за ракометен расадник во кој најмногу просперираат младите играчи и кој има долгогодишна традиција и квалитет. Се надевам дека со мојата игра и ангажман ќе придонесам за остварување на клупските амбиции, изјави Кбилашвили за клупскиот сајт.