Голманот Градимир Чаневски го засили Охрид

Голманот Градимир Чаневски е нов член на ГРК Охрид. Во редовите на охридскиот клуб тој доаѓа од редовите на Макаби Ришон.

Чаневски е голман кој е повремен сениорски репрезентативец на Македонија и има еден настап на Европското првенство и Медитеранските игри, па така се очекува да биде големо засилување за Охрид.

„После две години во странство се одлучив за ГРК Охрид. Задоволство ми е што во наредните две сезони ќе бидам член на Охрид, бидејќи тоа е клуб кој одлично е организиран и менаџиран, пополнет со квалитетен кадар како играчки, така и во стручниот штаб и управата. Клуб со амбиции кои со работа верувам дека ќе се остварат“, изјави Чаневски.
 

Договорот кој го потпиша е со важност од две години.