Две победи во два дена: Пелистер го прегази Голден Арт

Актуелниот македонски шампион Пелистер денеска славеше со убедливи 38-21, а тоа е втора победа за битолчани во само два дена, откако вчера беа подобри од Мулти Есенс со 40-22.

Пелистер немаше проблеми против Голден Арт, па уште во првите 30 минути го најави победникот во натпреварот (17-10), а до крајот на мечот ја зголемуваше предноста до конечни 39-21.

Емилијан Ѓорѓовски постигна осум гола за екипата од Битола, додека Мице Шилегов запиша шест погодоци за Голден Арт.

Битолчани по три одиграни кола имаат шест бодови и се наоѓаат на втората позиција, додека лидер е Вардар со „три од три“.